16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДомашните компании очекуваат израелски инвестиции во енергетиката и инфраструктурата

Домашните компании очекуваат израелски инвестиции во енергетиката и инфраструктурата

investicii-domashni

Македонските компании ги интензивираат активностите за јакнење на економската соработка со Израел. Земјоделството, посебно преработувачката индустрија, фармацијата и информатичката технологија се сферите во кои гледаат најголем потенцијал за остварување конкретни бизнис контакти.

Ова денеска е официјализирано со потпишувањето Меморнадум за соработка меѓу Македонско-израелскиот бизнис клуб и Сојузот на стопански комори (ССК).

Од израелска страна македонските фирми очекуваат интерес за инвестиции во енергетиката, инфраструктурата и металургијата. Големи се, велат, и искуствата на Израел во однос на високата технологија од кои земјава може да има оргомен бенефит.

Како што изјави Митко Алексов од ССК, потпишувањето на Меморандумот е чекор напред во освојувањето нови пазари.

– Израел не е традиционален пазар за нашите компании кои треба да се насочуваат кон земјите со брзорастечки економии и т.н. трети пазари за кои се уште немаме искуство, истакна Алексов.

Според него, досегашната соработка со Израел не задоволува, се движи меѓу 20 и 30 милиони долари, а потенцијалите се многу поголеми.

– Од Израел може многу да се научи посебно во делот на високата технологија. Ни претстои голема работа за технолошки да се разбреме зашто се многу супериорни. За младите генерации ова е голема можност што треба да се искористи, нагласи Огнен Оровчанец, престедател на Агробизнис комората при ССК.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП