18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Маја Бојчевска Ѓорѓиевска, генерален менаџер на Агенција за обезбедување на...

Интервју со Маја Бојчевска Ѓорѓиевска, генерален менаџер на Агенција за обезбедување на имот и лица ОСА

aac

Денар: Г-ѓа Ѓорѓиевска, вашата компанија е првата основана Агенција за обезбедување на имот и лица во земјата. Успешно работите веќе 16 години, која е тајната за успех на ОСА?

Тајна за успех не постои. Постои голема посветеност на работата, професионална услуга, високо познавање на проблематиката на безбедноста, добро осмислено и планско делување за секој следен чекор, постепено искачување по скалилата, прилагодување кон промените и следење на развојот на технологиите, професионален приод кон работата, примена на светски признaени тактики и методики во справувањето со сите можни безбедносни ризици,  континуирана грижа за секој клиент, постојано инвестирање во човечките ресурси и нивниот понатамошен развој и едукација, добра организација во работата, високо ниво на информираност и комуникација помеѓу вработените и менаџментот, лојални работници и долгогодишни соработници. Ова е тоа што не прави успешни, а тука нема ништо тајно. Без ниту еден од овие фактори не може да се биде успешен. Цело е кога има се.

Нашата компанија полека но сигурно за овие 16 години се изгради во една стабилна и сериозна компанија која вработува над четиристотини работници за обезбедување, со долга листа на задоволни клиенти со кои имаме успешна долгогодишна соработка и може да се пофалиме од самите почетоци па до ден денес претставуваме една од водечките компании за приватно обезбедување во Република Македонија.

Денар: Обезбедувањето во последно време е доста актуелна тема. Можете ли поточно да ни објасните какви услуги нудите?

Агенцијата ОСА ги нуди сите видови на услуги за обезбедување. Секоја услуга која ја нудиме за секој клиент е различна и секогаш се прилагодува според потребите на клиентот.

Во принцип, услугите на обезбедување подразбираат физичко и техничко обезбедување. Овде се вклучени физичкото обезбедување со работници за обезбедување на разни видови на објекти, лично обезбедување или народски кажано бодигард обезбедување, обезбедување на ВИП личности со наши луксузни возила,  мотопатролно обезбедување, видеонадзор, 24/7 мониторинг обезбедување, обезбедување на транспорт на пари и други вредносни пратки, обезбедување на разни настани, манифестации и прослави, техничко обезбедување со алармен систем против провала, системи против поплава, паник тастер и противпожарни системи, редовно техничко одржување и сервисирање на техничка опрема, ГПС следење на движење на возила итн…

Денар: Во последнава година сме сведоци на зголемен број на кражби. Кој е вашиот совет за граѓаните, кој е најдобриот начин за заштита?

Една интересна работа во врска со продажбата на услугите за обезбедување е дека никој не бара обезбедување пред да стане жртва на кражба или сведок на кражба во неговото соседство. Во последиот период сите сме сведоци на зголемениот број на кражби, во кои кражби граѓаните најмногу страдаат емоционално, а помалку финансиски. Покрај губитокот на материјалните добра, најголемиот проблем кај граѓанинот е помислата дека некој ви влегол во вашиот дом кога сте биле отсутни, ви ја нарушил приватноста и спокојот на домот и ви внел немир кој долго време нема да исчезне. И првата помисла кај секого е следна-  што ако во тој момент јас, мојот брачен партнер или моите деца биле дома? што можеше да им се случи?

ОСА располага со неколку безбедносни решенија за безбедност на приватните домови, станови и куќи, кои можат да го вратат чувството на мир и спокој во домот. Нудиме услуги на техничко и мотопатролно обезбедување со употреба на технички средства и опрема која нашата стручна служба ја инсталира во домот на клиентот,  го обучува клиентот за начинот на ракување со истата и го поврзува со нашиот мониторинг центар. Со тоа клиентот добива услуга на обезбедување и техничка поддршка од 24 часа во текот на  денот, седум дена во неделата, интервенирање од мотопатролната служба по пристигнат аларм и превземање на потребните мерки за одржување на безбедноста.

Поради зголемениот интерес на граѓаните за овој тип на обезбедување, ние направивме и пролетна промоција на пакети за техничко обезбедување со одредени попусти.

aaa

Денар: Колку како компанија ги следите светските трендови во обезбедувањето? Колку се промени работата од почетокот на основањето на агенцијата до денес?

Како и во секоја дејност и секој бизнис, најважно е да се следат трендовите, развојот на технологиите и да се прилагодува на промените, инаку ќе ве згази времето. Ние постојано се трудиме да бидеме во чекор со времето и промените во нашата дејност, постојано ја усовршуваме нашата работа, ги посетуваме сите организирани настани, семинари и обуки на европско и светско ниво од нашата област.

Времињата и трендовите се менуваат, но има работи на кои доследно се придржуваме и кои секогаш ќе останат исти и непроменети. Тоа е доследноста кон утврдените принципи на работа утврдени и востановени уште од првиот ден на основањето на оваа компанија, строгото водење сметка за редот и дисциплината во остварувањето на работните обврски, на кои и ден денес им укажуваме на нашите сегашни и идни вработени, а кои се неопходни за квалитетно вршење на нашата дејност.

Денар: Каква е иднината на обезбедувањето во Македонија? Кон кој правец ја гледате експанзијата на оваа дејност?

Во последниве години како да стана некој тренд да се отвораат агенции за обезбедување или предизвик да се работи во агенција за обезбедување, со замисла на младите дека тоа е некоја професија во која се цени покажување на сила и мускули. Но и покрај ваквиот тренд со сигурност дејноста приватно обезбедување се сфаќа како една сериозна работа и нималку лесна професија да се биде работник за обезбедување.

Одговорноста е голема. Клиентот Ви ја доверил неговата лична безбедност, безбедноста на неговото семејство, безбедноста на неговиот бизнис, на неговите вработени и безбедноста на неговиот имот, во вашите раце. Доколку настане некој проблем, а вие ненавремено или несоодветно сте изреагирале, одговорноста е ваша. Оваа професија бара добро планирање на секоја активност, правилно и прецизно утврдување на сите процедури и постапки за делување, строго придржување кон утврдените правила, постојана будност и дисциплина во работата.

Покрај големите, се почесто и помалите компании ни се обраќаат и бараат услуги за обезбедување, за да се заштитат како од надворешните така и од внатрешните опасности. Оваа дејност има голем потенцијал за развој, особено со постојаниот развој на технологиите во безбедносниот сектор, со проширувањето на видот на услугите кои се нудат.  Со зголемувањето на свесноста кај граѓаните за важноста на личната безбедност, безбедноста на семејството и домот, безбедното работно опкружување, со прифаќањето на граѓаните и компаниите на фактот дека обезбедувањето повеќе не е луксуз туку неопходен предуслов за мирен и спокоен живот и со нивното активно учество и придонес во остварувањето на една безбедна средина, дејноста на приватно обезбедување ќе се развива и унапредува.

Денар: Како е да се биде дама во еден прилично машки сектор? Со какви предизвици се соочувате секојдневно?

Да не се залажуваме, не е лесно. Во Македонија се уште имаме поделба на машки и женски професии, работни места, а особено функции. Не секој благонаклонето ќе прифати да разговара со жена за вакви „машки работи“ како обезбедувањето.

Во нашата компанија секојдневно се соочуваме со најразлични ситуации, посериозни или помалку сериозни, за кои е потребно брзо реагирање и носење на тешки одлуки. На почетокот малку беше потешко да се излезе на крај со сите тие обврски, одлуки и предизвици, но со текот на времето, искуствата и знаењата и пред се постојаната желба за учење и усовршување, мислам дека го надминав тој проблем. Кога правилно ќе се постават работите, ќе се изгради еден квалитетен професионален однос со колегите и деловните соработници, повеќе прашањето на полот и не е ни битно.

Особено ми е мило што и во Европа и кај нас веќе почнаа да се менуваат работите и да се надминуваат ваквите проблеми, а секојдневно гледаме голем број на дами кои говорат во името на значајни јавни институции или компании и многу успешно си ја работат својата работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП