24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсторијата на кредитните картички

Историјата на кредитните картички

kart 333

Кредитните картички се составен дел од нашиот живот. Со нив можеме да правиме сè – да плаќаме во ресторан, да се букира одмор или да купиме авионски билети.

Нивниот концепт е купи сега, плати повеќе подоцна, што се чини многу удобно на корисниците.

Како настанале?

Многу луѓе мислат дека првата кредитна картичка најверојатно е издадена од „Visa“ или „Mastercard“. Во реалноста, сепак, тоа не е така. „Diners Club“ практично е првата кредитна картичка, создадена од страна на Френк МекНамара, шеф на „Hamilton Credit Corporation“, во 1949-та година.

Еве го и митот поврзан со нејзиното создавање: Во 1949-та година МекНамара вечерал со пријателите во „Major Cabin Grill“ во Њујорк. Откако завршува и сака да ја плати сметката, тој сфаќа дека го заборавил паричникот. Тој се јавува на жена која доаѓа и го спасува од непријатната ситуација. МекНамара сепак одлучи дека никогаш повеќе нема да западне во слична ситуација. За да го реши проблемот, тој ја создава картичката „Diners Club“ и една година подоцна се враќа во исто установа во Њујорк, каде што плаќа со неа. Тој ја подмирува сметката и така се раѓа кредитната картичка.

kart 334

Потоа компанијата на МекНамара убедува и други ресторани да почнат да работат на оваа шема, која станува толку популарна што во 1951-ва година во неа се вклучени веќе 20.000 компании. Банките, одамна работат со кредитни инструменти и микрокредити, а најголемата популарност ја забележуваат со картичките „Diners Club“. Институции, како „American Express“ и „Franklin National Bank“, почнуваат да издаваат слични картички, при што заработуваат од наплатување такси. За да станат профитабилни, сепак, тие имаат потреба од голема база на клиенти. Значи банките почнуваат со издавање и испраќање на картички на секој, чиј адреса и контакт имаат, со надеж дека тој ќе се вклучи во мрежата. Ова се претвора во проблем и измамите се зголемуваат, а многу луѓе добиваат известување дека нешто е платено со нивните картички кои тие и никогаш не ги добиле.

Се воведуваат законски мерки во 1974-та година за заштита на потрошувачите од измами. До овој момент голем дел од картичките веќе поминале од модел на наплатување такси кон модел на остварување само на користената сума. Се повеќе и повеќе корисници преминуваат кон моделот „купи сега, плати подоцна“.

Кога се појавиле двајца од најголемите издавачи на кредитни картички – „Visa“ и „MasterCard“?

Во 70-тите години на минатиот век „Visa“ и „MasterCard“ ги вклучиле кредитните картички на ново ниво со создавање на здружение на банки членови кои ќе работат заедно. Наместо да работат како посредник меѓу трговци и клиенти, „Visa“ и „MasterCard“ се посредник меѓу големите банки, од една страна, и корисниците – од друга страна. Тие исто така работат и со големите трговски синџири, за да понудат сериозно различни специфични кредитни картички, а тоа дава предност во шопинг кај одредени трговци. Бумот во индустријата на кредитните картички сепак предизвикува загриженост, и покрај нивната погодност. Цената на овие услуги станува повисока и повисока, па така луѓето собираат и собираат нови долгови, често без да се замислат и да сфатат. Многу луѓе го дознаваат тоа во подоцнежна фаза дека тешко можат да го покријат овој скап кредит, па така стануваат дел од спиралата на вечна задолженост во која ја плаќаат само минималната рата (или главно каматите), а обврската им останува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП