25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекорден квартал за Ауди

Рекорден квартал за Ауди

mudi

Ауди успеа во првиот квартал од оваа година да го оствари најдобриот резултат во историјата. Испораката на оваа компанија на глобално ниво изнесувала 369.500 возила во периодот од јануари до март со што беше подобрен резултатот од минтата година за 6.8 проценти.

Во овој период германскиот производител на автомобили оствари раст на трите главни региони за продажба Европа, Азија и Северна Америка. Исто така продажбата во месец март била многу добра, а на купувачите им биле испорачани 147.700 возила што е за 3 проценти повеќе од претходната година.

Според менаџерите новиот модел Ауди А3 Sportback дополнително ќе допринесе на продажбата. Овој модел беше презентиран во февруари и компанијата е задоволна од реакцијата на дилерските претставништва. Ауди во првите три месеци продаде 59.116 автомобили на домашниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП