19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan бележи добри резултати во Европа

Nissan бележи добри резултати во Европа

nisann

„Nissan“ објави дека компанијата во Европа во месец март продала 80.689 возила што е најдобар месец на овој производител на „стариот континент“ во фискалната 2012-та година која заврши на 31-ви март 2013-та година. Па така уделот на месец март изнесувал 4.5 проценти во вкупниот раст на компанијата.

„Nissan“ продолжува да ги подобрува резултатите на пазарите каде има силно индустриско присуство. Русија и натаму останува клучен пазар за оваа компанија, па во фискалната 2012-та година компанијта во оваа земја продала 147.546 возила и остварила удел од 5.7 проценти од вкупната продажба.

Велика Британија исто така остана важен пазар за јапонската компанија со продажбата на преку 120.000 автомобили и удел од 5.1 проценти, што е зголемување во однос на една година претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП