24 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРААко сакате деловен успех одложете го бракот

Ако сакате деловен успех одложете го бракот

200445153-001

Колку подоцна ќе се омажат жените, толку подобро за нивната кариера, покажа истражувањето на Универзитетот во Вирџинија.

Поточно, жените кои ќе се омажат во тиесетите години заработуваат 56 проценти повеќе од оние кои се во брак од своите дваесети.

Децата се „виновни“

Како што открива истражувањето, децата се главната причина поради која жените помалку заработуваат доколку се омажат во дваесетите години.

Дваесетите години се многу важни за индивидуалниот развој и образованието, за стекнувањето на работно искуство, и затоа оние кои ќе се одлучат да се омажат во овие години имаат помалку шанси да постигнат успех кога работата е во прашање.

Кај мажите приказната е поинаква

Мажите кои ќе се омажат во дваесетите години заработуваат повеќе од оние кои на лудиот камен ќе застанат во триесетите години, без оглед на стекнатото образование.

Дури и ако рано добијат деца, нивната кариера не е загрозена, туку тие, токму тогаш имаат подобра шанса за напредок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП