29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвон укинува стотици работни места

Авон укинува стотици работни места

avon1

Шведската козметичка компанија Авон најави укинување на повеќе од 400 работни места.

Авон најави напуштање или реструктуирање на лошите претставништва во Африка, на Блискиот Исток и Европа.

Најавеното укинување на работните места, кое изнесува околу еден процент од 39,100 вработени во Авон, ќе биде спроведено во сите региони и сегменти, пренесува агенцијата АП.

Ваквиот потег е дел од стратегијата на директорката Шери Мекој, со цел да се достигне раст на приходите и да се заштедат 400 милиони долари до 2016 година.

Одлуката за укинување на работните места доаѓа по намалувањето на бројот на вработените за 1.500 во декември, кога компанијата соопшти дека го напушта Виетнам и Јужна Кореја.

Оваа козметичка куќа настојува да направи пресврт во своето работење во Шведска и на пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП