25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИТонон диета: 10 кг помалку за само 2 недели

Тонон диета: 10 кг помалку за само 2 недели

dijeta-1

Доколку сакате за само две недели да изгубите 10 килограми, ви предлагаме да ја пробате Тонон диетата.

Тонон диетата е многу ригорозна диета, која овозможува за само 14 дена да изгубите неверојатни 10 килограми. Називот го добила според болница, а диетата ја измислил француски лекар.

Оваа диета не дозволува внесување на шеќер и масти и е базирана главно на оброци од месо. Како и секоја ригорозна диета, така и оваа не е препорачана од страна на лекарите. Во текот на диетата можете да почувствувате блага омалаксаност и замор, а килограмите можат брзо да се вратат доколку по диетата си започнете по старо.

Не држете ја диетата повеќе од две недели, со цел да не си наштетите на здравјето. Доколку сакате да ја повторите, потребно е да направите пауза од најмалку 3 месеци.

 

Ден 1

Појадок: кафе или чај без шеќер

Ручек: 2 тврдо варени јајца, варен спанаќ

Вечера: 1 парче месен нарезок, зелена салата и целер со лимон и маслиново масло

salata

Ден 2

Појадок: кафе или чај без шеќер, малку млеко

Ручек: 1 шницла, зелена салата и домат без масло, овошје по избор

Вечера: варена шунка

 

Ден 3

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 мало парче интегрален леб

Ручек: 2 тврдо варени јајца, зелена салата и домати без масло

Вечера: варена шунка, зелена салата без масло

 

Ден 4

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 мало парче интегрален леб

Ручек: 1 тврдо варено јајце, свеж морков со сок од лимон, 1 кришка сирење

Вечера: чаша јогурт, овошје по избор

bacon-2815_640

Ден 5

Појадок: кафе или чај без шеќер, рендан морков со сок од лимон

Ручек: варена риба, 2 домати без масло

Вечера: 1 шницла, зелена салата со малку маслиново масло

 

Ден 6

Појадок: кафе или чај без шеќер, 1 мало парче интегрален леб

Ручек: грилувано пилешко

Вечера: 2 тврдо варени јајца, свеж или варен морков

 

Ден 7

Појадок: кафе или чај без шеќер

Ручек: 1 голема шницла, овошје по избор

Вечера: во нормални количини изедете било што сакате, но никако не пијте алкохол.

piletina

По 7 дена повторете се од почеток, уште 7 дена. Кога ќе ја завршите диетата не е препорачливо да јадете повеќе од 1500 калории дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП