23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој граѓанин од Еврозоната ќе добие поклон 1.300 евра?

Секој граѓанин од Еврозоната ќе добие поклон 1.300 евра?

evro-inflacija-1900x700_c

Европската централна банка (ECB) би можела на секој граѓанин од Еврозоната да му исплати по 1.300 евра, доколку не се пронајде некој друг начин за поттикнување на инфлацијата, сметаат експертите од „Нордеа Банк“.

„ЕЦБ“ се огради од идеата за исплата на готовина, позната како „пари од хеликоптер“, откако главниот економист на оваа институција рече дека, теоретски гледано, таа опција не е исклучена. Оваа институција веќе троши повеќе милијарди евра во рамки на програмата на квантитативно олеснување за стимулирање на економскиот раст и да се подигне инфлацијата.

„За концептот „пари од хеликоптер“, во кој Европската централна банка би печатела пари и директно ќе им ги подели на граѓаните од еврозоната, моментално се разговара внатре во управниот совет на „ЕЦБ““, вели членот на извршниот одбор на „ЕЦБ“, Беноит Коуре, додавајќи дека тој мисли дека тоа нема да се постигне саканиот ефект, ако не и да се спречи формирање на посебен механизам на поделба на ризикот со владите.

Според наједноставната верзија на овие мерки, централната банка со финансирање ќе ги поттикне владините програми. Сепак, статутот на „ЕЦБ“ нема да го дозволи тоа, оваа институција, според мислењето на регионалната балтичка банка, треба да ги разгледа директните готовински плаќања на граѓаните на 19-члената еврозона.

Како што пресметаа во „Нордеа Банк“, „ЕЦБ“ би можела да си дозволи загуба од 444 милијарди долари, што би одговарало на исплата од по 1.300 евра на секој граѓанин од Еврозната.

Проценката се темели на капиталот кој националните влади го уплатуваат на централните банки од Еврозоната и на профитот кој банките го генерираат држејќи активи, како што е златото, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

„Пред неколку години, програмата за откуп на владини обврзници за „ЕЦБ“ делуваше како нешто невозможно“, изјави Јан вон Герих, додавајќи дека централните банки би можеле да тестираат нешто ново.

Според податоците објавени пред три дена, потрошувачките цени во Еврозоната во март продолжиле да бележат пад, а падот на цената на нафтата ги намали долгорочните инфлаторни очекување близу рекордно ниски нивоа, потсетува „Ројтерс“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП