20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсоцијацијата за рударство бара измени во Законот

Асоцијацијата за рударство бара измени во Законот

pesko

Да се интервенира во новиот Закон за минерални суровини за да се спречи нелојалната конкуренција што ја генерираат експлоатирачите на песок и чакал од речните корита за што минимално плаќаат и не подлежат на редовни контроли наспроти оние кои континуирано вадат материјали за градежништво и се под постојан надозр за квалитетот и количините, бара Македонската асоцијација на рударство (МАР).

Годишните штети од т.н. бесправен бизнис достигнуваат 50 милиони евра, но освен финансиските загуби, како што беше речено денеска на прес-конференција, се уништуваат и речните корита, особено на Вардар и Црна.

„ Се соочуваме со двојна штета, нелојална конкуренција од една страна, која му пречи на легалниот бизнис вршејќи повеќекратни злоупотреби, како и дискутабилен квалитет на градење зашто не секогаш или скоро никогаш не се контролира квалитетот на песокот и чакалот од реките“, истакна претседателот на МАР Николајчо Николов.

Дополнителен проблем се и ригорозните казни, како и високите глоби поради кои голем број од фирмите што леглано ги плаќаат пропишаните давачки, добиле опомени и се на пат да ја загубат концесијата. Затоа МАР предлага да се воведат „претказни“ како вид предупредувања.

„ Ако се надминат ваквите состојби, ќе се решат многу проблеми. Ќе се експлоатираат глини за градежништво, ќе се плаќаат надоместоци, ќе има домашно производство наместо увоз, како и вработеност во секторот“, потенцира Николов.

Според него, Македонија се уште непотребно увезува градежни материјали и производи од глина, тули, зашто многу циглани се затворени или се во многу лоша состојба.Од МАР рекоа дека ќе се потрудат да го ублажат негативниот трнед на покриеноста на извозот со увоз. Подготвена е да го одржи производството во сите рудници, како и да реализира континуиран извоз.

Прв пат по 17 месеци македонската индустрија, главно рударството, бележи значителен раст на обемот на производство. Посебно позитивен тренд остварува секторот вадење камен за градежништво кој моментно брои 206 компании, а вработува 12.940 лица со просечна плата од 22.423 денари.

Согласно согледувањата и првичните статистики, во 2013 година се очекува задржување на постоечкиот или зголемување на трендот на производство кое веќе во првите два месеца забележа зголемување од 17,8 отсто.

Извозот во последните три години е намален за околу 50 милиони долари или 14 отсто, додека увозот е зголемен за 66 милиони долари или 20 проценти.

Во структурата на индустриското производство, рударството и вадењето камен учествуваат со 3,87 отсто. Најмногу извезуваме во регионот, Турција и Русија, а увезуваме и од Шпанија, Кина и Чешка.

Македонската асоцијација на рударство ја поддржува и иницијативата на Стопанската комора за донесување закон за инвестиции кој ќе гарантира еднаков третман на домашните и странските вложувачи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП