20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokia ја затвори продавницата во Шангај

Nokia ја затвори продавницата во Шангај

nokia-store-shanghai

„Nokia“ ја затвори својата најголема продавница во Кина, па така компанијата ќе се потпира само на независни продавачи на мобилни уреди и на мобилните оператори во продажбата на своите уреди.

Најголемата продавница на финската компанија беше отворена во 2007-та година во Шангај, а во тоа време беше и најголемата воопшто на „Nokia“ во целиот свет. Од компанијата истакнуваат дека веќе подолго време се фокусираат на независните продавачи и на мобилните оператори, наместо на сопствените продавници. Исто така тие се надеваат дека ќе ја зголемат продажбата и по пат на интернет.

Ова затворање на продавницата доаѓа во време кога „Nokia“ се обидува да ја поврати изгубената позиција на кинескиот пазар. Имено во четвртиот квартал од минатата година приходите на компнаијата на кинескиот пазар падна за 79 проценти во однос на истиот временски период од пред една година.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП