23 април, 2024
ПочетнаДИЕТИ5-дневна диета со овошје

5-дневна диета со овошје

dieta-plod-plodove-otslabvane-zdravoslovno-hranene-123715-500x334

Полека започнуваат пролетните денови, а во потоплите денови кои доѓаат потребно е значително да ја намалиме тешката храна. Имаме одлична 5 дневна диета со овошје која ќе ви помогне полесно да се храните, подобро да се чувствувате, да ги исфрлите отровите и да ослабите.

Во оваа диета можете да јадете било какво овошје, освен нагласено е да не претерувате со бананите, односно на дневно ниво препорачливо е максимално половина банана. Секој ден потребно е да се внесуваат и протеини преку риба или бело пилешко месо. Исто така потребно е да пиете многу течности преку чаеви, природни сокови разблажени со вода и вода….. Ви препорачуваме и кардио вежби 3 пати неделно.

Диетата можете да ја повторите максимум три пати по ред, така што ќе ја држите од понеделник до петок, а во сабота и недела ќе внесувате храна нормално, но не да претерувате.

 

Мени:

 

Ден 1

Појадок: 200 гр овошје по избор, 1/2 чаша јогурт со ниска масленост

Ручек: 300 грама овошна салата со прелив од јогурт и мед

Ужина: 50 гр. јаткасти плодови

Вечера: 3 јаболка, 1 мала чашка кисело млеко со мед

 

Ден 2

Појадок: Овесни снегулки со јогурт и овошје

Ручек: 150 гр. филе од бела риба, 1 јаболко за десерт

Ужина: 50 гр. суво овошје

Вечера: 3 видови овошје, 1 свежо цеден сок од портокал, 50 гр. јаткасти плодови

 

Ден 3jena-dieta-plodove-123714-240x0

Појадок: 1 јаболко

Ручек: 300 гр. свежа салата (овошна или зеленчук) и 1 свежо цеден сок од овошје или зеленчук

Ужина: 1 чаша нискомаслен јогурт со суво овошје

Вечера: 200 гр. филе од бела риба, гарнирана со свеж зеленчук и 1 јаболко за десерт

 

Ден 4

Појадок: 150 гр. јагоди (може и замрзнати)

Ручек: 200 гр. филе од бела риба, 2 домати

Ужина: 1 чаша јогурт

Вечера: 400 гр. свежо овошје по ваш избор

 

Ден 5

Појадок: половина чинија урда, суво овошје

Ручек: 150 гр. бело пилешко месо на скара, 1 јаболко за десерт

Ужина: 1 свежо цеден сок од портокал

Вечера: салата со свеж зеленчук, 100 гр. бобичесто овошје

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП