24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа некого и во криза му расте рејтингот

На некого и во криза му расте рејтингот

litvanija1

Меѓународната агенција за крeдитен рејтинг „Fitch“ го зголеми долгорочниот кредитен рејтинг на Литванија во странска валута од „BBB“ на „BBB+“, а во домашна од „BBB+“ на „A-“.

Прогнозата за рејтингот е стабилна, соопшти агенцијата, пренесуваат странските медиуми.

„Fitch“ го зголеми краткорочниот рејтинг во странска валута од „F3“ на „F2“, а рејтингот на земјата од „A“ на „A+“.

„Зголемувањето на рејтингот на Литванија одразува дополнителено економско заздравување по длабоката економска криза. Растот во 2012 ги надмина очекувањата, иако ризиците во еврозоната не се намалени“, се наведува во соопштението.

Агенцијата утврди раст на потрошувачката која ја поддржува домашната побарувачка, и очекува опоравување на инвестициите во 2013-2014 година.

Покрај тоа, во Литванија се продолжува буџетската консолидација: дефицитот во буџетот е значително намален од 5,5 проценти од БДП во 2011 година, на три проценти во 2012 година. Државниот долг изнесува 41 процент од БДП, а најверојатно тој ќе се намали по достигнувањето на максимумот во оваа година.

Според оценките на „Fitch“, Литванија успеа да постигне конкурентност на меѓународните пазари и доверба во нејзината кредитна способност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП