19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСузуки банкротираше во САД

Сузуки банкротираше во САД

suzukii

Планот за банкрот на Сузуки во САД е одобрен, што значи дека оваа компанија ќе престане да продава возила во оваа земја. Во ноември 2012-та година американското одделение на Сузуки најави дека поднеле барање за прогласување на банкрот.

Судијата Скот Кларксон од американскиот суд за прогласување на банкрот го одобри овој план откако кредиторите на компанијата се согласија со условите. Тоа значи дека Сузуки ќе ги продаде одделенијата за производство на чамци и бродови, АТВ и мотоцикли.

Новата фирма ќе биде во потполна сопственост на Сузуки Мотор Компани. Моменталните сопственици на автомобилите на Сузуки нема да бидат заборавени, па така сервисите и натаму ќе им бидат достапни преку преостанатите делови од дилерската мрежа.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП