29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска ќе ги отпишува каматите на долговите на граѓаните

Хрватска ќе ги отпишува каматите на долговите на граѓаните

hrvatska1

Хрватската Влада подготви предлог-закон со кој ќе се овозможи отпис на каматите на долговите на граѓаните.

Со законот ќе бидат опфатени 616.000 физички лица кои според податоците на 1 јануари годинава на државата и должеле околу 13 милијарди куни (1,71 милијарда евра). Од оваа сума дури 5,7 милијарда куни (околу 752 милиони евра) оптаѓаат на камати од кои со овој закон државата ќе се откаже.

Околу 9,2 милијарди куни (1,21 милијарда евра) или 72 отсто од вкупниот долг отпаѓа на 17 отсто од вкупниот број должници.

Со предложениот закон се предвидува на должниците да им се овозможи главницата да ја отплаќаат на рати и тоа до најмногу 60 месеци во зависност од висината на долгот со камата од 4,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП