28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на германската економија веројатно ќе забави

Растот на германската економија веројатно ќе забави

bundesbank

Растот на германската економија веројатно ќе забави во второто тромесечје, по солидниот раст во првите три месеца од оваа година, процени денеска германската централна банка во рамки на редовниот месечен преглед.

„Германската економија ја започна 2016-та година со силен подем“, констатираат во Бундесбанк, додавајќи дека темпото на раст во второто тромесечје ќе биде послабо.

Од банката потсетуваат дека германската економија забележала солиден раст во втората половина на 2015 година, при што во третото и четвртото тромесечје изнесуваше околу 0,3 отсто, што е „повеќе или помалку во согласност со неговиот потенцијал“.

Во првото овогодишно тромесечје растот, според нивните прогнози, ќе биде на исто ниво или малку повисок.

Меѓу слабите навестувања за второто тромесечје во Бундесбанк ја издвојуваат стагнацијата на индустриските нарачки и понатамошното влошување на индексот на бизнис климата, вклучувајќи го и остриот пад на досега стабилните подиндекси кои ги мерат очекувањата на производството и извозот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП