16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРВЈУИнтервју со Горан Ѓоргоноски, сопственик на маркетинг агенцијата "КМГ Спорт"

Интервју со Горан Ѓоргоноски, сопственик на маркетинг агенцијата “КМГ Спорт”

 gjorg

“Децата да учат од врвни стручњаци, но и едни од други”

 

Денар: По успешното прво изднание на „најважниот проект во неговата кариера“ (така Кирил Лазаров изјави лани) од пред повеќе од месец дена стартуваа подготвките за вториот Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“?

ГЃ: Така е, на почетокот на февруари оваа година стартувавме со подготовките за вториот ракометен камп на нашиот најдобар спортист, а воедно стартуваше и пријавувањето за истиот. По одличните критики минатата година, КМГ Спорт како агенција и Кирил како носител на овој проект имаме обврска оваа година да го подигнеме нивото на организација во секоја смисла.

gaa

Денар: Како што информираше нашиот портал претходно од 1-ви Февруари стартуваше и пријавувањето, оваа година отворено и за учесници и надвор од нашата држава?

ГЃ: Кампот и минатата година имаше учесници од странство (иако не планиравме) но оваа година очекуваме многу повеќе и една од работите на која ќе се насочиме ќе биде токму таа, кампот да добие учесници од повеќе европски држави. Се со цел децата да научат нешто едни од други, различни школи на ракомет, однесување и слично. Засега интересот е изненадувачки добар, особено од скандинавските земји, од кои можеме многу да учиме. Но и генерално интересот за пријавување е огромен.

Денар: Кои се вашите амбиции како организатор на кампот на нашиот најдобар спортист, во која насока ќе се движи кампот оваа и наредните години?

ГЃ: КМГ Спорт како организатор има поставено навистина високи амбиции во делот на организација, сакаме се да функционира беспрекорно во секој поглед и според она што се случуваше минатата година можам слободно да кажам дека сме на добар пат. Овој проект на најдобриот македонски спортист ја има комплетната логистика на нашата агенција со искуство во организација на спортски настани. Од друга страна сакам да потенцирам дека спортскиот дел од кампот (програма за работа, тренери, гости на кампот и слично) е задача на Кирил кој најдобро знае што треба за тие деца да имаат бенефит од учеството на кампот. Можам само да кажам дека и оваа но и следните години големо внимание ќе посветиме на „носењето“ искусни стручњаци од странство кои имаат што да презентираат и пред учесниците но и пред македонските тренери и кампот да биде платформа каде ќе се разменат мислења од повеќе стилови и начини на гледање на ракометот.

gbb

Денар: Според впечатоците на учесниците, а и нивните родители, кампот минатата година помина повеќе од успешно. Што вие како „КМГ Спорт“ и Кирил Лазаров како носител на проектот сакате да подобрите, во која насока?

ГЃ: Реакциите беа навистина одлични и како што кажав и претходно тоа е наша голема обврска. Пред се ќе работиме на подобрување на условите на сите учесници во делот на инфраструктура и поквалитетна опрема од врвен производител. Терените ќе добијат нова подлога, а комплексот пред хотелот „Аквалина“ во Охрид ќе добие и најсовремен фитнес центар. Во завршни преговори сме со еден врвен производител на спортска опрема, се со цел секој учесник да има максимални услови за работа.

Денар: Дали и оваа година кампот ќе се организира во Охрид на иста локација на самиот брег на преубавото Охридско езеро?

ГЃ: Охрид со својата убавина и клима во летниот период се одлично место за ваков тип на активности, а комплексот пред хотелот „Аквалина“ ги нуди сите услови за реализација на предвидената програма. Тренирањето „под ведро небо“ на само 50-тина метри од прекрасното Охридско езеро е неверојатно искуство за секој учесник но и за сите нас што сме вклучени во овој проект.

gcc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП