25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКолку чини производството на Galaxy S7? (фото+видео)

Колку чини производството на Galaxy S7? (фото+видео)

ceni samsi3

Аналитичката компанија „IHS“ направи истражување во врска со тоа колку новиот „Samsung Galaxy S7“ навистина вреди, односно колку чинат сите негови компоненти, поединечно. Според нивното истражување, цената на сите делови од коишто се состои новиот престижен модел на „Samsung“ изнесува 255 долари.

Како најскапа компонента се издвојува процесорот „Qualcomm SoC – Snapdragon 820“ чијашто цена е 62 долари, односно 25 отсто од вкупната цена на телефонот.

ceni samsi555

Екранот на новиот „Samsung Galaxy S7“ чини 55 долари, 32 GB NAND меморијата чини 7.25 долари, сензорите 4.65 долари, а цената на 4 GB RAM меморијата изнесува 25 долари.

Камерата за којашто „Samsung“ наведува дека е најдобрата на светот чини 14 долари, а склопувањето на сите овие и останатите ненаведени компоненти се проценува на 5 американски долари.

ceni samsi7

Сепак, важно е да се напомене дека ова не се единствените трошоци коишто ги има „Samsung“ при изработката. Голема сума е потребна и пред и по изработката на мобилниот телефон – за развојот, платите на вработените, како и за маркетинг кампањите коишто помагаат за некој производ да дојде до колку што е можно поголем број на купувачи.

Исто така вреди да се напомене дека новиот предводник на јужнокорејската компанија е многу потежок за сервисирање од својот претходник, а за тоа можете да прочитате на следниов линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП