29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈубилејна 50-та пол позиција за Хамилтон

Јубилејна 50-та пол позиција за Хамилтон

hami 000

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, ја освои пол позицијата во пресрет на првата трка во новата сезона, Големата награда на Австралија.

Британецот на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн, ја освои јубилејната 50-та пол позиција во кариерата. На вечната листа пред него се само Аиртон Сена и Михаел Шумахер. Хамилтон до најдобрата позиција на стартот дојде со време 1:25.351 минута.

Друштво на Британецот во првиот ред на стартот ќе му прави клупскиот колега Нико Розберг. Зад возачите на Мерцедес, трката ќе ја стартуваат нивните колеги од Ферари, Себастијан Фетел и Кими Раиконен кои завршија на третото и четвртото место во квалификациите.

Одлични квалификации во Мелбурн имаа возачите на Торо Росо, Макс Верстапен ќе стартува од петтото, а Карлос Саинц од седмото место. Меѓу нив е пилотот на Вилијамс, Фелипе Маса.

Осми на стартот ќе биде Даниел Рикардо од Ред Бул, а најдобрите десет ги комплетираат пилотите на Форс Индија, Серхио Перез и Нико Хилкенберг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП