23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJeep покажа Grand Cherokee за секакви патишта (фото+видео)

Jeep покажа Grand Cherokee за секакви патишта (фото+видео)

dzipi

Официјални фотографии на новата верзија на „Jeep Grand Cherokee“, наменета за места на кои недостасува пат, беа објавени од весникот „Jalopnik“. Модификација ќе се вика „Trailhawk“, а ќе биде прикажана пред публика на автосаемот во Њујорк.

dzipi1

На изглед „Trailhawk“ изгледа прилично поагресивно од стандардниот „Grand Cherokee“. Машината добила подобра суспензија со зголемен клиренс, различни браници со помал агол, како и променeна на решетката на ладилникот.

dzipi2

Засега техничките податоци на кросоверот се држат во тајност. Се тврди дека најверојатно верзијата „Trailhawk“ ќе добие 6,2-литарски V8 мотор со 707 КС, но е поверојатно овој мотор да се стави на следната модификација на моделот. Таа ќе се вика „Grand Cherokee SRT Hellcat“ и ќе излезе во 2017-та година.

dzipi3

Кај неа агрегатот ќе биде комбиниран со 8-степен автоматски менувач, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч ќе трае околу 3 секунди. Максималната брзина на теренецот ќе биде 321 км/ч.

dzipi4

Во Њујорк компанијата „Jeep“ ќе го претстави и новиот компактен кросовер, чија продажба ќе стартуваат до крајот на годината. Тој ќе го заземе местото на два модели на марката – „Compass“ и „Liberty“ (Patriot), а на пазарот ќе биде конкурент на „Nissan Qashqai“, „Kia Sportage“ и „Mazda CX-5“.

Моделот ќе биде изграден на платформата „Small Wide“. Во палетата моторите ќе влезат 1,4-литарскиот „MultiAir Turbo“ со 4 цилиндри кој развива 160 КС, како и 2.4-литарски „Tigershark“ со 184 КС. Ќе има и 2,0-литарски турбодвигател со 4 цилиндри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП