24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Ноќ на Оладипо, Spalsh Brothers, Таунс, Вестбрук

НБА: Ноќ на Оладипо, Spalsh Brothers, Таунс, Вестбрук

vestbruk 98

Виктор Оладипо, Spalsh Brothers, Карл-Ентони Таунс и Расел Вестбрук ја обележаа измината ноќ во НБА лигата.

Кливленд во чии редови се врати Леброн Џејмс славеше над Орландо со 109:103. Кливленд до триумфот стигна во последната четвртина, откако успеа да го запре Оладипо кој мечот го заврши со 45 поени.

Оклахома славеше во Филаделфија 111:97. Расел Вестбрук забележа „трипл дабл“ од 20 поени, 10 асистенции и 15 скокови, додека Кевин Дурент имаше учинок од 26 поени и 13 скокови.

Младиот крилен центар на Минесота, Карл-Ентони Таунс постигна 32 поени на кои придодаде 13 скокови, но не успеа да го спречи поразот на својот тим во Хјустон 116:111. Кај Хјустон се истакна Џејмс Харден со 29 поени и 14 асистенции.

Далас е еден од тимовите кои сезонава имаат победа над Голден Стејт, но овој пат популарните Splash Brothers, не дозволија изненадување. Клеј Томпсон постигна 10 тројки од 15 обиди, мечот го заврши со 39 поени, додека Стеф Кари оставри 31 поен, девет скока и 10 асистенции во победата на Голден Стејт над Далас 130:112. Голден Стејт во Далас стигна до 62-та победа во 68-от меч сезонава.

На другите натпревари Детроит славеше над Сакраменто 115:108, Торонто го порази Бостон 105:91, Портланд победи во Њу Орлеанс 117:112, а Феникс со 95:90 славеше во Лос Анџелес над Лејкерси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП