20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го потврди кредитниот рејтинг на Русија со негативна перспектива

S&P го потврди кредитниот рејтинг на Русија со негативна перспектива

standard-and-poor_0

Меѓународната агенција „Standard & Poor’s“ (S & P) го потврди долгорочниот суверен кредитен рејтинг на Русија на ниво „ББ +“ со негативна перспектива, пренесува руската новинска агенција, цитирана од агенциите.

Долгорочниот рејтинг во националната валута е потврден на ниво „БББ-“, наведува агенцијата.

Краткорочниот рејтинг на Русија во девизи е потврден на ниво „B“, а во националната валута на ниво „A-3“.

„Рејтинзите на Русија се одразуваат на нашите очекувања дека политиката на владата ќе биде насочена кон одржување на стабилна позиција за надворешни средства и чување на умерен обем на државниот долг во 2016-2019 година“, подвлекуваат аналитичарите на „S&P“.

Во прогнозата агенцијата очекува пад на бруто домашниот производ (БДП) на Русија со 1,4 отсто во 2016-та година. Познат раст се очекува во 2017-та година. Реалниот економски раст на Русија според агенцијата ќе биде во просек 0,5 проценти годишно во периодот 2016-2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП