20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 19-20.03.2016

Викенд хороскоп 19-20.03.2016

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Време е за промени. Искористете ја вашата креативност и направете промени во својот дом, но и во својот живот. Имајте за сe цврст став и со тоа ќе имате цврст успех на љубовен план и професионален план.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Ќе уживате во релаксирањето и одморот овој викенд. Ќе ви дојдат убави идеи кои ќе ви решат неколку проблеми. Ќе соберете сила и успешно ќе ги поминете пречките, нека не ве загрижува некое налутено лице, се ќе биде во ред.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Наместо да бидете опколени со луѓе кои шират негативна енергија, оттргнете се од сите и останете во својот дом посветувајќи си време само на себе. Бидете што повеќе физички активни и со тоа ќе се чувствувате подобро.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Овој викенд ќе ви донесе мали нервози но доколку сте паметни ќе успеете да поминете преку нив. Не им обрнувајте внимание на постапките на некои лица кои ве иритираат, едноставно игнорирајте ги. Одвоете време за нега на телото.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Неделата ви беше исполнета со премногу обврски, па викендов време е и вие да се одморите. Правете ги работите кои ви причинуваат задоволство – шетајте, гответе, читајте книга, изборот е ваш! Сепак и малку рекреација добро би ви дошло.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Овој викенд нека биде викендот на забавата. Искористете го до максимум за дневни забави и ноќни излегувања. Здравјето е добро, но ви препорачуваме малку повеќе пешачење. Партнерот не го запоставувајте, одвојте еден ден и за него.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Уште еден исполнет викенд и со работа и со забава. Соберете го целото друштво, организирајте пикник и поминете си убаво. Партнерот ќе сака малку поискрен разговор, исфрлете ја ароганцијата и сослушајте го што ви кажува, во спротивно можете да го загубите.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Викендов е дефинитивно полн погодок за вас. Ви претстојат неколку промени, кои ќе направат да се чувствувате возбудено. Искористете го паметно викендот и отпатувајте до некоја блиска дестинација со пријателите, каде ве очекуваат многу авантури.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Очекувајте мала сума на пари која дополнително ќе ви го разубави денот, а навечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве повикаа пријателите. Најдете време и за одмор овој викенд.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекува подобрување на вашата финансиска состојба. Поради тоа, одете на шопинг и наполнете го вашиот плакар со некое ново парче облека. Помогнете му на некој пријател во неволја, така ќе си помогнете и на себеси.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Овој викенд ќе сакате да го поминете во кругот на семејството. Можно е да организирате пикник на некое убаво место покрај вода и психички да се одморите. Нервозите и стресот од работа елиминирајте ги со забава, дружење и ситни задоволства.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Искористете го викендот да заминете на некои места каде што не сте биле досега. Поминете го слободното време во природа и релаксирајте се од секојдневните стресови. Јавете му се пријателот кој долго време ве повикува, а вие го игнорирате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП