23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија ја зголеми набавката на руски гас за 245%

Британија ја зголеми набавката на руски гас за 245%

гасооо

Најактивен купец на рускиот гас оваа година стана Велика Британија, изјави шефот на Газпром, Алексеј Милер.

Најголем раст на побарувачката за руски гас од 1 јануари до 15 март 2016 година покажа Велика Британија – 245,8 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

„Испораките се зголемени за 3,2 милијарди кубни метри, што е за една третина повеќе од вкупниот обем на зголемувањето на испораката на Газпром во странство“, изјави Милер.

Во целина, Газпром од 1 јануари до 15 март ги зголеми испораките на гас во странство за 9,155 милијарди кубни метри (33,5 проценти повеќе во однос на минатата година) и сега тие изнесуваат 36,5 милијарди кубни метри.

Извозот на рускиот гас во Германија порасна за 37 проценти и сега изнеусва до 9,9 милијарди кубни метри. Минатата година Германија постави рекорд во купувањето на рускиот гас – 43, 5 милијарди кубни метри, што е за 6 милијарди кубни метри повеќе отколку во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП