24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот предводник на Jaguar ќе биде луксузен хибриден седан

Новиот предводник на Jaguar ќе биде луксузен хибриден седан

jaguari 35

Раководството на компанијата „Jaguar“ одлучи да претстави модел кој ќе биде идниот предводник на брендот, а кој треба да го замени седанот „XJ“. Според изданието „Autocar“, кој цитира претставник на брендот, тоа ќе биде „целосно нов тип на раскошна машина со хибриден агрегат од целосно нова генерација“.

Се очекува моделот да го задржи своето име „XJ“, иако се тврдеше за евентуалната негова смена. До ова крајно решение дошло откако во „Jaguar“ се откажале од првичните намери да пуштат луксузен и скап теренец од рангот на „Range Rover Sport“. Шефовите на британскиот производител останале импресионирани од успехот на новите „Mercedes-Benz S-Class“ и „BMW Series 7“ и затоа седанот ќе продолжи да се произведува.

Автомобилот сепак ќе нуди бројни иновации кои ќе ги зголемат стандардите во луксузните седани. Тој ќе биде изграден на модернизираната платформа „D7“, за која се користат целосно композитни материјали. Моделот ќе добие хибриден агрегат, во чија основа ќе биде целосно нов 6-цилиндричен мотор од семејството „Ingenium“. Се уште не е одлучено дали тоа ќе биде дизел или бензински мотор.

Предвидено е концептуална верзија на новиот „Jaguar XJ“ да се појави на било која од големите автомобилски саеми во 2018-та година. Сериската варијанта на моделот ќе биде подготвена година подоцна. Освен со хибриден погон предводникот на Британците ќе се нуди и во верзии со стандардни бензински и дизел мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП