24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонија, досега, нема небезбедни бисквити

Во Македонија, досега, нема небезбедни бисквити

biskviti

Заклучно со денеска, петок 16-ти март, Македонија нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување на Европската унија дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден производ – Das gesunde PLUS, бисквит плочка со вкус на слатка павлака.

Станува збор за производ кој е повлечен од пазарите на  Германија, Австрија и Франција и Хрватска и за кој, преку РАССФ системот на 04.03.2016 година е објавена нотификација со број 2016.0249, по поднесена поплака на потрошувач, кој детектирал присуство на туѓо тело (пластични делови од четка).

Агенцијата за храна и ветеринарство доколку добие нотификација преку овој безбедносен систем (РАССФ), со соодветни податоци за серијата/лотот на производство за овој небезбеден производ, ќе постапи согласно протоколите и истиот ќе го повлече од македонскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП