19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо увозното млеко во Македонија нема афлатоксини

Во увозното млеко во Македонија нема афлатоксини

mleko1

Минатата и оваа година, во ниту еден примерок млеко или млечни преработки кој се увезува во земјава, вклучително и од соседна Србија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство немаат утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации утврдени со законските и подзаконските акти.

Млекото, преработките од млеко, покрај со здравствен сертификат, при увоз во земјава се пропратени и со извршени лабораториски анализи во земјата од каде се увезуваат, за утврдување на евентуално присуство на афлатоксин. Испитувањата задолжително се вршат во акредитирани лаборатории, со акредитирани методи.

Безбедни се  и сувомесните преработки и оние кои се увезуваат од Црна Гора, каде според пишувањата на тамошните медиуми, од страна на инспекциските служби во некои погони било утврдено присуство на бактеријата листерија. Кај увозните сувомесни производи, покрај лабораториските анализи направени во земјата извозник, Агенцијата за храна и ветеринарство задолжително врши и лабораториско испитување за утврдување на присуство на листерија со земање на мостри од страна на официјалните ветеринари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП