20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОд 5 видеа месечно на YouTube заработува 70.000 евра

Од 5 видеа месечно на YouTube заработува 70.000 евра

yes

Зое Суг, попозната како Зоела (Zoella) има само 25 години, од Брајтон е, а овие денови се најде во центарот на вниманието на британската јавност бидејќи беше откриено дека заработува дури 70 илјади евра месечно водејќи го својот видео блог на YouTube.

Младата дама неодамна дојде до магична бројка од 10 милиони „следбеници“ на оваа социјална мрежа, а освен што парите ги добива од прегледот на видеа, публиката и овозможи да потпише и неколку профитабилни договори со спонзори.

Суг каналот на YouTube го лансираше во декември 2009 година, и од тогаш пред камерите главно говори на lifestyle теми. Тука се различните совети за фризури, шминкa, облека и нокти, а интересно е дека објавува само 5 видеа месечно.

Како што пишуваат медиумите, Суг е навистина „мало бебе“ во споредба со „најголемите играчи“ на оваа мрежа. Најголеми заработки имаат швеѓанецот Феликс Кјелберг попознат како PewDiePie, чиј канал е посветен на видео игрите и кој го следат повеќе од 40 милиони корисници (тој заработува 12 милиони долари годишно).

Одлично поминуваат и комичарите и кулинарите, а вистински феномен стана и една девојка која едноставно прави рецензии на детски играчи (во 2014 година заработила пет милиони долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП