24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиските цени на нафтата го зголемија профитот на Lufthansa

Ниските цени на нафтата го зголемија профитот на Lufthansa

140401-lufthansa-mn-1055_d8df542350c6b882b165fdc7926b663a.nbcnews-ux-2880-1000

Ниските цени на нафтата и растот на патничкиот сообраќај го зголемија профитот на германската авио-компанија „Lufthansa“ во изминатата година, која беше во знакот на падот на авионот на „Germanwings“, компанија-ќерка на „Lufthansa“ и штрајкот на пилотите и кабинскиот персонал.

Нето профитот на авиокомпанијата порасна на 1,7 милијарди евра од 55 милиони евра во 2014 година, додека профитот од работењето пораснал за 55,2 проценти, на 1,8 милијарди евра, а приходите за 6,8 проценти, на 32, 1 милијарди евра.

Генералниот директор на „Lufthansa“, Карстен Шпор ја опиша минатата година како „емотивно предизвикувачка“ поради падот на патничкиот авион на „Germanwings“ во март во кој настрадаа 150 лица.

Германската авиокомпанија исто така беше соочена и со два долготрајни и одвоени индустриски спорови кои ги водеше со пилотите и кабинскиот персонал поради платите и зголемувањето на старосната граница за заминување во предвремена пензија.

„Сепак, минатата година беше добрa во економска смисла“, изјави Шпор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП