24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром ја одржа втората аукција на гас, купувачи балтичките земји

Газпром ја одржа втората аукција на гас, купувачи балтичките земји

Production Facilities At OAO Gazprom Neft's Refinery

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави во петокот дека на втората аукција во својата историја продал повеќе од 420 милиони кубни метри гас, а купувачи овојпат биле балтичките земји.

„Газпром“ започна со експериментот со аукциските продажби минатата година, за да ја истражи можната алтернатива за вообичаениот систем на продажба преку долгорочни договори во кои цените на гасот се врзуваат со цената на нафтата. Поттикнување им дадоа барањата на клиентите цените барем во еден дел да се засноваат на состојбата на физичкиот пазар.

„Задоволни сме до резултатите на нашата втора аукција на гас и ќе го користиме овој модел и за другите пазари на гас во Европа“, се вели во соопштението на челничката на „Газпром Експорт“, Елена Бурмистрова. На почетокот од месецов таа за Reuters изјави дека компанијата најверојатно ќе одржи повеќе аукции до крајот на годинава.

Во септември минатата година рускиот производител на гас одржа пробна аукција на која понуди 3,2 милијарди кубни метри гас, а продаде повеќе од милијарда за испораки во северозападна Европа. Резултатот го оценија како успех, имајќи ја предвид сé поострата конкуренција и регулатива на европскиот пазар.

На новата аукција на „Газрпом“ понуди вкупно 560 милиони кубни метри гас, а продал повеќе од 420 милиони. Склучени се договори со шест клиенти чии имиња не се наведени, како ниту реализираните цени.

Гасот ќе биде испорачан во преостанатите три квартала од годинава во инфраструктурниот јазол во Котловка на границата меѓу Белорусија и Литванија. „Газпром“ во понудата го ставил и гасот складиран во подземното складиште во латвиски Инчукалнс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП