25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМакедонскиот поет Митко Гогов ќе се претстави со својата поезија во Париз

Македонскиот поет Митко Гогов ќе се претстави со својата поезија во Париз

mitko gogov 33

По покана на интернационалната поетска мрежа и организација Spoken Word Paris, во периодот од 18-28 март 2016 година, македонскиот поет, концептуален уметник и граѓански активист Митко Гогов ќе учествува на серија интернационални поетски читања и перформанси.

На две од читањата ќе се претстави заедно со локални и странски автори, додека едно од читањата е целовечерно ѝ е наменето за неговата поезија која ќе се чита на македонски, англиски и француски јазик. Spoken Word Paris организира редовни поетски претставувања на поети од целиот свет, освен Митко Гогов за периодот кој следи специјални гости се: Lisa Ducasse, Matty Dowd, Lucienne McKirdy, Jason Stoneking и Adeline Baldacchino.

Spoken Word Paris е поле за средба на луѓе кои ја сакаат поезија, номади кои ги слушаат и почитуваат стиховите. Тоа е дом за креативни текстови и поетски апологети. SpokenWord е носечката манифестација за отворен микрофон во Париз, додека Open Secret е нивната втора последователна манифестација. Овде е и работилницата за писатели и поети која се одржува во ознатото место за сите љубители на литературата Shakespeare & Company. Уредници се на списанието The Bastille and Tightrope Books и на зборникот на поезија “Strangers in Paris”.

Mитко Гогов е роден 1983-та година во Скопје, Македонија. Пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Пишува и хаику, сенриу, ренга кои ги објавува повремено во микроблогосферата twitter. Неговото творештво досега е застапено и преведено во неколку антологии, стихозбирки и списанија за литература и уметност во Индија, Пакистан, Филипините, USA, Русија, Шпанија, Чешка, Германија, Србија, Хрватска, Албанија, Бугарија… Актуелен со неговата стихозбирка „Ледена вода“ издадена во Србија (2011) и во Македонија, во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа Антолог (2014).

Младински работник и активист, концептуален уметник со неколку изложби, инсталации, перформанси, сценографии и мултимедијални проекти реализирани во Норвешка, Франција, Италија, Србија, Македонија, Бугарија… Претседател на здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“, организатор на глобалната поетска манифестација „100 Илјади поети за промена“ во Македонија, а од неодамна и амбасадор за Македонија во Светската Унија на поети, уредник на strumicaonline.net и reper.net.mk.

Организира културни и арт-настани, соработува со младински, арт, филмски и театарски фестивали. Блогер, секогаш отворен за комуникација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП