16 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz го обнови семејството CLA (фото)

Mercedes-Benz го обнови семејството CLA (фото)

cla mece 00

Компанијата „Mercedes-Benz“ го обнови семејството „CLA“, во кое влегуваат купе со 4 врати и караван, како и нивните „AMG“ верзии. Премиерата на моделот ќе се одржи на автосаемот во Њујорк, а неговата продажба ќе стартуваат во почетокот на јули.

По дотерување на надворешноста, „CLA“ претрпе мали измени. Различни се предниот браник и решетката на ладилникот. Освен тоа, за сите верзии на моделот се нудат 5 варијанти на 19-инчни тркала, како и дополнителни бои на каросеријата.

cla mece 01

Во внатрешноста на автомобилите се појавиле нови бои, преработен мултимедијален систем со различен дисплеј, како и промена на панелот со Инструменти. Во опремата на „Mercedes-Benz GLA“ е вклучена и систем за регулирање на динамичките карактеристики „Dynamic Select“ и систем за екстремно запирање при опасност од судир.

cla mece 02

Достапни се уште „LED“ главни фарови, функција за автоматско отворање на багажникот, на која помага сензор под задниот браник, а исто така и можност за интегрирање на мобилни уреди кои работат со системите „Apple CarPlay“ и „Android Auto“.

cla mece 03

Промени има и во палетата на мотори. Во неа е вклучена модификацијата „180 d BlueEFFICIENCY Edition“. Таа е опремена со 1,5-литарски дизел мотор, кој развива 109 КС и 260 Нм. Тој може да се комбинира само со 6-брзински мануелен менувач, а мешаната потрошувачка кај оваа верзија е 3,5 l/100 km.

cla mece 04

Опцијата „BlueEFFICIENCY Edition“ доаѓа и кај бензинската верзија „Mercedes-Benz CLA 180“. Тука моторот е 1,6-литарски со моќност од 122 КС и 200 Нм, а исто така е во комбинација со рачен менувач, додека потрошувачката на гориво е 5,0 l/100 km, соопштуваат од компанијата.

cla mece 05

Друга новина е присуството на системот за погон на четири тркала при варијантата „CLA 220“. Тој е опремен со бензински мотор со зафатнина од 2.0 литри и моќност од 184 КС.

Обновена е и топ-верзијата на моделот – „Mercedes-AMG CLA 45“. Таа е со променета преден браник, како и со дополнителен спојлер на багажникот. Оваа модификација се потпира на 2.0-литарски турбомотор со 381 КС. Возилото забрзува од 0 до 100 km/h за 4,2 секунди, а каравнската верзија за 4,3 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП