23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWizz air со нов лет од Хамбург до Скопје од април

Wizz air со нов лет од Хамбург до Скопје од април

wizz-air111

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во централна и источна Европа, во четврток најави дека летовите од аеродромот во Либек ќе ги премести во најблискиот аеродром во Хамбург и ќе продолжи да нуди ниско-буџетни услуги до северна Германија.

Поради тековните финансиски проблеми на аеродромот во Либек, Wizz Air ќе премести три летови на аеродромот во Хамбург, почнувајќи од 17-ти април. Со преместувањето на летовите во Хамбург, Wizz Air ќе продолжи да го поврзува регионот Гданск со четири летови неделно и Скопје и Киев со два летови неделно.

Ниско-буџетната авиокомпанија исто така најави нова рута од Софија до Копенхаген, која ќе се спроведува трипати неделно, почнувајќи од 13-ти јуни. Wizz Air, ќе додаде уште два лета неделно од Букурешт до Лондон Лутон и на неделно ниво ќе се реализираат 25 летови меѓу двата града.

Сите летови се во продажба на www.wizzair.com со цени почнувајќи од 19.99 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП