25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗлатото повеќе не е сигурно

Златото повеќе не е сигурно

zlato13

Милијардерот Џорџ Сорос вели дека златото би требало да биде ултимативно безбеден рај за инвеститорите, но работите не се толку едноставни.

„Кога минатата година, еврото беше блиску до колапс и златото ја загуби својата вредност. Тоа е така, бидејќи во тој момент луѓето треба нешто да продадат, а тие најчесто го продаваат златото“, изјави Сорос, пренесува Бизнис Инсајдер.

Како што наведува милијардерот, тоа значи дека златото губи од својата вредност исто како и еврото.

„Златото кое претставуваше сигурно засолниште е уништено, и се покажа дека и тоа не е совршено безбедно. Поради ова разочарување многу луѓе ги намалија своите залихи од злато. Но, централните банки и понатака ќе продолжат да купуваат злато, па лично јас не очекувам дека неговата вредност драстично ќе оди надоле. Златото на берзите е нестабилно, неговата цена варира секојдневно, и тоа повеќе не претставува тренд и симбол за стабилност“, наведе Сорос.

Во реалноста, кога доаѓа до економско слабеење, луѓето ги фака паника и веднаш го продаваат златото за да дојдат до пари. Со ваквата практика, на златото му се намалува вредноста, доколку сиромаштијата удри на глобално ниво, сите ќе започнат со продажба на златото за да дојдат до парични средства и тогаш неговата вредност ќе колабира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП