20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInternet in Real-Time открива што се случува на интернет во една секунда

Internet in Real-Time открива што се случува на интернет во една секунда

internes

Интернет е место на коешто секоја секунда се трансферира големо количество податоци, а интерактивната карта Internet in Real-Time преку веб страницата Pennystocks.la на заинтересираните им нуди на забавен начин да откријат што се случува на интернетот во само една секунда.

Податоците се собрани од различни извори и не ги одразуваат прецизните бројки, туку се темелат на процени, пишува DPA.

Фасцинантните податоци покажуваат дека корисниците во една секунда објавуваат 5.700 пораки преку Twitter, испраќаат речиси 220.000 пораки преку апликацијата WhatsApp и прегледуваат повеќе од 2.300 часови видео на YouTube. Истовремено Internet in Real-Time во секунда регистрира 50.000 „лајкови“ и објави на најголемата социјална мрежа Facebook.

Ресурсот Pannystocks.la на својата интернет страница Battle of the Internet Giants прикажува и колку пари во секунда заработуваат најголемите светски корпорации, па така може да се дознае дека Facebook во секундите заработува 48 долари, Microsoft – 700 долари, a Apple инкасира 1.100 долари, за разлика од Twittera кој во последно време секоја секунда губи 20 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП