20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа кои земји им се заканува сиромаштијата?

На кои земји им се заканува сиромаштијата?

siromashtija3

За да се бориме со сиромаштијата во Европа, потребно е подобро да ја запознаеме, а за тоа се потребни повеќе статистичките податоци, пишуваат странските медиуми.

Сиромаштијата најмногу им се заканува на Бугарија, Романија, Шпанија и Грција, доколку и веруваме на статистиката.

Во тие држави постои голема разлика меѓу луѓето со високи и ниски приходи. Првите три земји според нееднаквоста во приходите се Шпанија, Летонија и Бугарија. Генерално, сиромаштијата во ЕУ се заканува на 16,9 проценти од населението.

А луѓето со највисоките приходи – горните 20 проценти, во просек имаат пет пати поголема плата од оние кои земаат ниски приходи – долните 20 проценти.

Германија според овие критериуми е блиску до просекот.

Чешка е на првото место и во двете категории. Разликата меѓу високите и ниски приходи е за една половина помала од Шпанија, која според овие критериуми се наоѓа на дното. Покрај тоа, во Чешка најмал број на луѓе се изложени на ризикот од сиромаштијата.

Дали тоа значи дека Чешка е пример за борба против сиромаштијата?

Лицата кои располагаат со најмалку 60 проценти од просечните приходи, се сметаат за загрозени. Во Чешка тоа изгледа вака: помалку од 4.500 евра годишно претставуваат ризик од сиромаштија. Во Луксембург е загрозен оној кој на годишно ниво троши помалку од 19.500 евра. Експертите велат дека за вистинската слика за условите недостасуваат уште многу работи и податоци.

Институтот на германската економија во предвид зема повеќе статистики. На пример, тој ги зема во предвид и изјавите на луѓето, „Дали тие се чувствуваат загрозено?“. Речиси една третина од Грците на ова прашање одговараат потврдно. Покрај тоа, на луѓето им се поставуваат и конкретни прашања: „Дали тие имаат да платат станарина, греење, автомобил, одмор?“ или „Како составуваат крај со крај, како го поминуваат месецот, им остануваат ли пари, дали нешто заштедуваат?“.

Статистиката не е доволна

Истовремено, истражувачот за сиромаштија, Кристоф Бутервеге се сомнева и во бројките кои ги претставува институтот за германската економија. На пример, тој вели дека минималната плата која е одредена со закон претставува „црн ѓавол“, за институтот на германската економија, иако тој постои и во 20 земји од ЕУ.

Во принцип, најважно е правилното толкување на статистичките податоци, вели Бутервеге.

На пример, во последните децении богатите во Германија добија многу даночни олеснувања. Статистиката на германскиот Завод, покажува дека сиромаштијата во Германија се зголемува, вели Бутерверге.

„Ние навистина не можеме да се бориме против сиромаштијата, а да не ги доведеме во прашање и привилегиите на богатите“. Но, за тоа нема политичка волја.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП