20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕГордоста на Атина – Хотелот Grande Bretagne (фото)

Гордоста на Атина – Хотелот Grande Bretagne (фото)

pono1

Хотелот „Grand Bretagne“ се наоѓа во самиот центар на Атина на познатиот плоштад Синтагма, одалечен само неколку метри од најважните историски споменици, музеи, зградата на Парламентот како и мноштвото кафулиња…

Акропол, Партенон, како и стариот Олимписки стадион се наоѓаат на само неколку минути пешачење од хотелот, а исто така, од терасата која се наоѓа на врвот од хотелот можете да го доживувате секојдневно спектакуларниот поглед кон антички Акропол.

Ако велиме дека во овој хотел ќе се чувствувате како крал, мора да ни верувате. Инаку, ова е  хотел кој во својата долга традиција угостувал многу познати лица, Мадона, Монсерат Кабаје, Наоми Кембел, принцезата Дијана и многу други, со оглед на тоа што овој хотел во срцето на Атина постои од далечната 1847 година.

Со своите 230 соби и апартмани хотелот нуди врвна услуга за своите гости, па сигурно ќе ве импресионира со својот класичен дизајн, антиквитетите, мермерните бањи, отворениот и затворениот базен и нормално најпрефинетата медитеранска кујна. Да не ја заборавиме и услугата од личен батлер.

Во рамките на хотелот можете да уживате во СПА центарот, сауната, фитнес студиото, барот крај базенот кој нуди снек мени, а исто така за хедонистите и оние кои сакаат префинети цигари, вино и коњак, постои Alexander Cigar Lounge во кој можат да уживаат.

Наша топла препорака е да го посетите задолжително овој хотел кој ќе ве воодушеви со дизајнот, услугата и спектакуларниот поглед…

pono2

pono3

pono4

pono5

pono6

pono7

pono8

pono9

pono10

pono11

pono12

pono13

pono14

pono15

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП