24 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung ќе лансира сопствена социјална мрежа

Samsung ќе лансира сопствена социјална мрежа

wafle 3353

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung“ може да лансира сопствена социјална мрежа – „Waffle“, се наведува во соопштението на компанијата.

Корисниците на апликацијата ќе можат да создадат заеднички колажи, цртежи, потписи. Тие можат да објавуваат фотографија на која нивните пријатели имаат можност да коментираат, како и да додаваат сопствени слики или цртежи во мрежата околу оригиналот, објаснува сајтот „Verge“.

Апликацијата го носи името „Waffle“ (вафли) поради мрежата на квадрати со слики создадени од корисниците.

„Waffle“ е развој на единицата на „Samsung C-Lab“, која што создава и тестира нови услуги. Апликацијата беше претставено на американскиот фестивал „South by Southwest“.

Апликацијата се уште е во процес на развивање. Бета верзија е достапна за уреди кои работат со оперативниот систем „Android“.

„Samsung“ може во текот на летото да го затвори проектот, ако тој не ги оправда очекувањата. Ако апликацијата има успех, ќе биде пуштена и за „Android“ и за „iOS“.

На пазарот веќе има социјални мрежи, чија главна содржина се сликите на корисниците. Меѓу нив се „Instagram“ и „Snapchat“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП