18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPlayStation VR пристигнува во октомври, цена - 400 евра

PlayStation VR пристигнува во октомври, цена – 400 евра

soni vr 00

По долго чекање, развојниот тим во компанијата „Sony“ задолжен за виртуелна реалност, ги објави плановите поврзани со објавувањето на платформата „PlayStation VR“ која ќе работи само со конзолата „PlayStation 4“. „VR“ кацигата на „Sony“ ќе биде претставена во октомври, а нејзината цена ќе изнесува 400 долари (400 евра во Европа) за основниот пакет.

Според податоците кои ги објави „NeoGAF“, а кои ги добија на манифестацијата „Game Developers Conference“, претседателот на „PlayStation“ одделението рекол дека повеќе од 230 програмери работат со „PlayStation VR“ кацигата во овој момент, со цел да креираат интересно искуство кое ги користи единствените карактеристики на виртуелната реалност.

soni vr 01

Од „Sony“ велат дека за новата технологија се заинтересирани, како помали тимови, така и големи студија, а плановите им се да објават повеќе детали во врска со видео игрите кога „PlayStation VR“ ќе биде претставен кон крајот на годината. Во основниот пакет ќе се наоѓа „HDMI“ кабел, „USB“ кабел, пар стерео слушалки со комплетен пар на „бубици“, дополнителна кутија за процесор, „AC“ кабел за напојување и „VR“ кацигата.

Забележуваме дека за оваа цена недостига „PlayStation Camera“ која чини 60 долари, а истото важи и за „Move“ контролерот. Раководството на компанијата „Sony“ призна дека нивната „VR“ платформа можеби е еднаква според квалитетите на ривалите, но и со цена од 400 долари која е значително пониска во однос на конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП