Најбрзата верзија на „VW Golf“ се соочи со најбрзата верзија на „Honda Civic“. Станува збор за моделите со буква „R“ на задните капаци, а трката претставува „драг“ на 1/4 милја и е организирана од британското издание „Top Gear“.
Многумина веројатно ќе речат дека трката не е фер, бидејќи едниот модел има погон на сите четири тркала, автоматски менувач и систем за брз старт. Додека другата е поставена на класичната формула за спортски хечбек – преден погон и рачна кутија. Факт е дека, сепак, тоа се најбрзите верзии во палетата на двата модела, иако „Golf R“ може да се нарача и со рачна трансмисија.
Да, „VW Golf R“ има предност на стартот, но пак „Honda Civic Type R“ располага со поголема моќност и мала тежина.
Кој е побрз во дисциплината „драг“ на 1/4 милја, погледнете во видеото:
Ова се и постигнувањата на двата автомобила на патеката Нирбургринг. Јапонскиот автомобил помина низ 21-километарската патека за рекордни за сегментот 7: 50.63 минути, додека германскиот автомобил забележа време од 8:14.00 мин.
Технички карактеристики:
VW Golf R
Мотор: 2.0 литри со турбо
Моќност/Вртежен момент: 300 КС/380 Нм
Трансмисија: Автоматска DSG
Погон: На сите четирите тркала
Забрзување 0-100 км/час: 4,9 сек.
Маса: 1495 кг.
Honda Civic Type R
Мотор: 2.0 литри со турбо
Моќност/Вртежен момент: 310 КС/400 Nm
Трансмисија: Рачна
Погон: Кон предните тркала
Забрзување 0-100 км/час: 5,7 сек.
Маса: 1390 кг.