4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаст на нето добивката на Топлификација АД Скопје

Раст на нето добивката на Топлификација АД Скопје

toplifikacija

Топлификација АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат за период Јануари-Декември 2015 година прикажан во неревидираниот поединечен Биланс на успех.

Остварената нето добивката по оданочување за период 01.01.-31.12.2015 година изнесува 32,006 илјади денари, наспроти остварената нето добивка за 2014 година во износ од 29,194 илјади денари.

Вкупните приходи се во износ од 203,624 илјади денари за 2015 година. Вкупните приходи се состојат од приходи од продажба, други оперативни приходи и финансиски приходи. Приходите од продажба во најголем дел се приходи кои произлегуваат од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија.

Другите оперативни приходи во најголем дел се приходи од побарувања за топлинска енергија.

Финансиските приходи се приходи од камата на побарувања по однос на дадени заеми и побарувања по однос на продадена топлинска енергија.

Вкупните трошоци за периодот 01.01.-31.12.2015 година изнесуваат 170,803 илјади денари, истите се помали од вкупно остварените трошоци во 2014 година кои се во износ од 230,870 денари.

Вкупните трошоци се состојат од административни трошоци, останати оперативни расходи и финансиски трошоци.

Административните трошоци се во износ од 79,692 илјади денари. Во оваа група на трошоци влегуваат трошоци за амортизација во износ од 59,707 илјади денари односно 75% од вкупните административни трошоци е трошокот за амортизација.

Останати трошоци се трошоци за услуги, материјали и останати трошоци.

Останати оперативни трошоци се во износ од 1,049 илјади денари.

Финансиските трошоци се во износ од 89,232 илјади денари, истите се помали од 2014 година за 17% односно изнесувале 107,545 илјади денари. Финансиските трошоци се трошоци за камата за земени краткорочни/долгорочни кредити/заеми.

Промени во сметководствените политики и методите на вреднување на средствата

Нема промени во сметководствените политики и методите на вреднување на средствата во однос на претходниот ревидиран финансиски извештај. 19 65

Исплатени дивиденди

Согласно одлуката за распределба на добивка донесена на Седницата на собранието на акционери одржана на 05.06.2015 година, нераспределената добивка е распределена 15% на законски резерви и остатокот во резерви за инвестициони вложувања-реинвестирана добивка, односно не беше распределен дел за дивиденда на акционерите.

Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Во текот на 2015 година Топлификација АД од средствата од амортизацијата согласно договорот за закуп на основни средства за производство на топлинска енергија, вложи износ од 48 милиони денари во инвестиции во опрема за производство на топлинска енергија.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Кредитната задолженост на Топлификација АД Скопје во 2015 година е намалена во однос на 2014 година за цца 7%, односно цца 88 милиони денари.

Oчекувања за престојниот период

Во текот на 2016 година се очекува остварување на приходите од договорот за закуп на опремата за производство на топлинска енергија во износ од цца 100 милиони денари, се очекува наплата на побарувања од топлинска енергија а со тоа и намалувања на кредитната изложеност на компанијата. Во 2016 година ќе продолжат активности на други проекти од областа на енергетиката поврзани со дистрибуција на гас на ниво на урбани средини, либерализација на пазар на електрична енергија и примената на обновливи извори на енергија по пазарни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП