28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi има план: Секоја година по еден нов SUV

Mitsubishi има план: Секоја година по еден нов SUV

mici suv 00

Целта на јапонскиот производител е до 2021-ва на пазарот секоја година да лансира по еден „SUV“ модел и така да стане препознатлив во светот, пред се како производител на овој вид на автомобили, пишува „Auto Express“.

Цитирајќи го првиот човек на „Mitsubishi“ за Велика Британија, овој магазин објави дека компанијата планира секоја година да го зголемува бројот на продадени автомобили за околу 45.000 единици. Еден од првите новитети ќе биде моделот кој е заснован на „eX“ дизајнерската студија од 2015-та, кој ќе биде во рангот со „Nissan Juke“ и сличните мали „SUV“/ кросовер возила.

Автомобилот ќе има електричен погон, но не се исклучува и верзијата со конвенционални бензински и дизел мотори.

mici suv 01

Моделот кој во гамата на „Mitsubishi“ ќе го заземе местото над споменатото возило, исто така по карактеристиките ќе биде кросовер, а како основа ќе го користи концептот „XR-PHEV II“, претставен на саемот во Женева во 2015-та. Потсетуваме, концептната верзија користеше „Plug-in“ хибриден погонски систем во кој беа вклучени бензинец и електромотор со 163 ks.

Во план е и нов „Outlander“, но не пред 2020-та. Oвој модел исто така ќе биде достапен и со „Plug-in“ хибриден погон, а се уште не е одлучено дали во понудата ќе има опција со 7 седишта.

На крај, „Mitsubishi“ врз основа на моделот „L200“ ќе понуди и нов „Pajero“ со три реда седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП