28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLexus подготвува ривал за BMW X1

Lexus подготвува ривал за BMW X1

2013-Lexus-RX-350-rear-three-quarters

Можеби јапонците иницираа експанзија на современи SUV и кросовер модели, но кога станува збор за премиум сегментот, приматот на пазарот на овој вид на возила го превземаа германските производители. Поради тоа „Lexus“ одлучи да развие нов SUV за да го оддржи чекорот со европската конкуренција.

„Lexus“ моментално на купувачите им нуди три SUV возила, популарниот RX и два поголеми модели GX и LX. За разлика од нив „BMW“ веќе има богата понуда која се состои од моделите X1, X3, X5 и X6, а наскоро се очекува и „BMW X4“.

Вториот конкурент „Audi“, иако засега во својата гама ги има само моделите Q3, Q5 и Q7, планира во скоро време да го зголеми бројот на SUV и кросовер автомобили, а слични планови има и „Mercedes“, кој за почеток го подготвува моделот GLA.

За да не заостанува зад европјаните, „Lexus“ ќе го претстави новото компактно возило кое на пазарот ќе им се спротистави на моделите „BMW X1“, „Audi Q3“ и веќе споменатиот „Mercedes GLA“.

Според информациите од овој јапонски производител концептот на овој автомобил ќе биде подготвен за претставување на авто-саемот во Токио во ноември 2013-та година, а серискиот модел ќе презентиран на саемот во Женева во март 2014-та година.

Иако за деталите во врска со овој модел се уште само се шпекулира, се верува дека ќе биде хибридна верзија во комбинација со електромотор и четирицилиндричен 2.5 литарски бензински мотор кој се наоѓа во најновиот модел на „Lexus IS 300“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП