20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин: ЕУ е виновна за Кипар

Путин: ЕУ е виновна за Кипар

putin1

Рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Европската Унија дека е одговорна за кризата во Кипар.

Тој истакна дека кризата ја покажала „нестабилноста“ на западните финансиски институции.

„До некаде сум задоволен затоа што кризата на Кипар покажа неефикасност и нестабилност во западните финансиски институции“, изјави Путин за германската телевизија АРД, пред посетата на Германија и Холандија на 7 и 8 април.

„Дали ние направивме офшор зона? ЕУ ја направи. Всушност, ја направија властите во Кипар, а ЕУ го дозволи тоа“, изјави Путин.

Поради поволните даноци, бројни руски компании се регистрирани во Кипар, па во моментов многу руски граѓани ризикуваат да изгубат голема сума на пари. Путин ги повика Русите да инвестираат во нивната земја.

„Сите оние кои се погодени од кризата на Кипар треба да се свртат кон нашите финансиски институции. И ќе ги сочувате вашите пари во нашите банки“, изјави Путин.

Властите во Русија како една од приоритетните, ја одредија борбата против одлив на рускиот капитал.Според официјалните податоци на Кипар има 31 милијарда долари, кои доаѓаат од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП