23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроект за студентите за стекнување работно искуство во компании

Проект за студентите за стекнување работно искуство во компании

iskustvo-studenti

Трипле С Груп во соработка со Американ Колеџ, го промовираа проектот “ПРВА ШАНСА” кој ќе им помогне на сите студенти да стекнат искуство, а потоа да дадат поголем придонес во компаниите каде што во иднина ќе работат.

– Битно е да се напомене дека студентите ќе работат одново на веќе спроведени проекти од страна на Трипле С Груп, со тоа што ќе се направи споредба и ќе им се уочи каде направиле пропусти, односно каде го покажале својот максимум, а притоа нивниот интелектуален капацитет и нивните идеи нема да бидат искористени во комерцијални цели, вели директорот на Трипле С Груп, Душко Угриноски,

Оформени се осум тима од по двајца, тие се селектирани како  амбициозни студенти од Американ Колеџ кои се во завршна фаза на додипломски и почетна фаза на постдипломски студии на отсек маркетинг.

Проектот ќе се одвива во 3 фази: истражување на пазарот, подготовка на маркетинг стратегија и подготовка на продажна стратегија, а оценувањето ќе се води според аналитичко размислување, креативен пристап, изработка на извештај и презентациски вештини во секоја фаза одделно.

За најдобриот оценет тим ќе се обезбеди парична награда, а и можност за вработување во рамките на Трипле С Груп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП