29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на одобренија за градба во февруари

Зголемен бројот на одобренија за градба во февруари

odobreniezagradba

Зголемен број одобренија за градба за 25,9 отсто и поголема предвидена вредност на објектите за 43,6 проценти е забележано во февруари годинава во споредба со февруари лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари издадени се 219 одобренија за градење, а предвидената вредност на објектите изнесува 2.395.996 илјади денари.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 168 или 76,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 16 или 7,3 отсто за објекти од нискоградба и 35 или 16 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 219 објекти на 165  или 75,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти 24,7 отсто инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 587 станови со вкупна корисна површина од 48.100 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП