25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏорџ Сорос: ЕУ се соочува со „бавна смрт“ на економијата

Џорџ Сорос: ЕУ се соочува со „бавна смрт“ на економијата

Billionaire investor Soros speaks at a forum during the annual IMF-World Bank meetings in Washington

Американскиот милијардер Џорџ Сорос оцени дека ЕУ се соочува со „бавна смрт“ на нејзината економија, додека во исто време Јапонија се обидува да го избегне тоа со „опасната“ нова монетарна експанзија.

Според Сорос, Јапонија веќе 25 години полека умира (економски) и сега наеднаш се разбуди.

– Она што фасцинира е дека острите мерки за кратење на буџетот во ЕУ, ја водат еврозоната во истата таа ситуација од која Јаапонија сега се обидува да побегне, вели познатиот американски инвеститор, забележувајќи дека јапонската бавна смрт беше модулирана од Јапонците, како што сега скратувањето на буџетот е модулирано од ЕУ.

Сорос вели, дека обично се мисли дека луѓето се учат на туѓите грешки, но разочарано констатира дека политичарите во ЕУ го прават спротивното и почнуваат со она од што Јапонците бегаат.

Реакцијата на Сорос доаѓа откако Јапонија покрена еден монетарен експеримент за да се удвои масата од пари во оптек во следните две години, пуштајки во оптек дури 1,4 билиони долари. Намерата на овој, според Сорос, опасен експеримент е да се покрене раст на јапонската економија.

Тој оценува дека тоа за Јапонија е опасно затоа што доаѓа по 25 години и смета дека треба да се направи се што е можно за да се избегне европската ситуација која беше налик на она што Јапонците сега го прават.

Сорос верува дека дефлаторните движења создаваат невработеност и неискористен капитал, бидејки инвеститорите од страв „седат на парите“ и не ги вложуваат чекајќи на поповолна ситуација. 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП