20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛоша прогноза за шпанските банки

Лоша прогноза за шпанските банки

mood1

Меѓународната рејтинг агенција „Moody`s“ предупреди дека проблематичните шпански банки не ги чека светла иднина, иако тие добија помош од еврозоната.

Според оценката на оваа агенција, високото ниво на ризични кредити во тие банки ќе биде дополнително зголемено за време на рецесијата.

„Moody`s“ наведува дека прогнозата за кредитниот рејтинг на шпанските банки е негативна од 2008 година, и дека таа останува таква и понатака, пренесува агенција Франс Прес.

Банките во Шпанија бележат минуси од колапсот на кредитите на пазарот за недвижнини од 2008 година, по што владата во Мадрид за да ги спаси им даде 42 милијарди евра, кои и беа одобрени од партнерите од еврозоната.

„Веруваме дека банките во наредните 12 до 18 месеци ќе продолжат да работат во економија која е во рецесија, оптоварени со високо ниво на ненаплатливи средства, кои понатака ќе бидат се поголеми“, наведува агенцијата, додавајќи дека таквиот развој на настаните ќе претставува притисок за профитот и нивото на капитал во банките.

Покрај тоа, банките во Шпанија не се во можност да соберат средства од пазарот, туку тие се приморани да и се обратат на Европската централна банка. Банките, исто така, имаат значителен износ на шпански државни обврзници, чиј кредитен рејтинг е само едно ниво погоре од неинвестиционото.

„Moody`s“ наведува дека кредитот, кој Шпанија мораше да го побара од еврозоната за да ги докапитализира проблематичните банки, покажува дека таа земја не е во состојба сама да пронајде извори за финансирање.

Нивото на ненаплатливите кредити во шпанскиот банкарски сектор во декември 2012 година беше намален на 10,4 проценти од претходно забележаните 11,4 проценти, но само затоа што проблематичните средства од сите банки беа префрлени во новоформираната „лоша“ банка „Sareb“.

„Не сметајќи ги трансферите во „Sareb“, проблематичните кредити и понатака се зголемуваат, а ние очекуваме дека овој тренд ќе продолжи“, наведува „Moody`s“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП