19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМарио Драги под голем притисок за планот-Б

Марио Драги под голем притисок за планот-Б

ecb1

Претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) е под голем притисок да го откие „планот Б“ за решавање на кризата во еврозоната.

Неуспешниот обид за договор за спасувачкиот пакет за Кипар од минатиoт месец предизвика тонење на акциите на банките во целата еврозона и загрозување на довербата за способноста на законодавците да се справат со должничката криза, пренесува Блумберг.

Бидејќи расте загриженоста во врска со прогнозата на Драги за економското закрепнување во втората половина од оваа година, претседателот на ЕЦБ разгледува неколку опции. Помеѓу опциите е намалувањето на каматната стапка, нова рунда на долгорочни кредити од банките, како и план за поттикнување на кредитирањето на компаниите, изјавија тројца неименувани лица кои се запознаени со ситуацијата.

„Тие мораат да започнат да размислуваат за спроведување на неконвекционални мерки ако не дојде до закрепнување“, изјави економистот од банката ING во Амстердам, Мартин Фон.

ЕЦБ, според истражувањето на Блумберг, во кое учествуваа 56 економисти, би требало и понатака да ја задржи референтната каматна стапка на рекордното минимално ниво од 0,75 проценти, пренесува Танјуг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП