19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел знае како против кризата

Меркел знае како против кризата

merkle1

Германците во огромно мнозинство го поддржуваат пристапот на канцеларката Ангела Меркел во еврозоната, по договорт за помош со Кипар.

Тоа е огромен плус за канцеларката која на септемвриските избори ќе се обиде да обезбеди трет мандат, покажа најновото истражување на телевизијата АРД.

Цврстиот став на Меркел во врска со должничката криза веќе долго време е популарен во Германија, иако бројни земји кои примија пакет помош, ги проколнуваат реформите и мерките за штедење кои доаѓаат со таквите пакети, пренесува агенцијата АП.

Анкетата во која учествувале 1.000 лица покажала дека 65 проценти од испитаниците се согласуваат со канцеларката и дека таа правилно и одлучно постапувала во текот на кризата. Од друга страна, 33 проценти од анкетираните сметаат дека германската влада малку размислува на благосостојбата на луѓето во земјите погодени од кризата додека работи за да го спаси еврото.

Педесет проценти од испитаниците сметаат дека е правилно што инвеститорите и штедачите во банките во Кипар мораа да допринесат за да ја спасат таа земја.

Германската влада инсистираше штедачите во кипарските банки со депозити кои се поголеми од 100.000 евра да учествуваат во давањето на помош, но опозицијата предложи тоа да го сторат и граѓаните кои имаат помали депозити, а германската влада го прифати предлогот.

Истражувањето покажа дека постои еден ризик кој и се заканува на Ангела Меркел, а тоа е дека 75 проценти од испитаниците веруваат дека најлошиот период од европската криза допрва ќе настапи. Германската економија досега беше релативно отпорна на кризата, која бројни земји ги бутна во рецесија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП